Добивката на Zara намалена за 70%

51

Синџирот продавници за облека Inditex, во чија сопственост е брендот Zara, фискалната 2020 година ја заврши со 70% пониска нето добивка поради затворање на продавниците во многу земји од светот со цел да се сузбие ширење на пандемијата.

Во фискалната година што заврши во јануари, добивката на шпански Inditex се намали на 1,1 милијарда евра. Приходите се намалени за 28%, на 20,4 милијарди евра, а 77% скок од продажба преку интернет делумно ги надомести негативните последици од пандемијата, а поддршката на резултатите даде и брзото закрепнување на Кина.

Пред крајот на годината, во празничната сезона, многу од владите во Европа повторно воведоа рестриктивни мерки за да се сузбие новиот бран од пандемијата, па нето добивката на Inditex е преполовена на 435 милиони евра.

На крајот на јануари, на крајот на фискалната година, затворени се околу 30% од продавниците на Inditex, а до почетокот на оваа недела тој удел е преполовен. Компанијата очекува сите продавници да бидат отворени до 12-ти април.

Шпански Inditex планира до крајот на годината да затвори 1.200 продавници и да се фокусира на инвестиции во познати локации од каде ќе може да се купува и онлајн и во физичка форма. Досега се затворени над 750 продавници.

Фото: Facebook