Да се остане поврзан е многу важно за секој бизнис. Постојано расте бројот на компании коишто на своите вработени им обезбедуваат мобилни телефони, таблети или лап топ компјутери и на тој начин да им помогнат да се поврзант на интернет поради работата и тогаш кога не се во канцеларија.
Според податоците на Eurostat, во 2019-та година, повеќе од две третини од компании во Европската унија имале на располагањее мобилни уреди со пристап до интернет за вработените. Во 36% од компаниите во ЕУ, повеќе од една петтина од вработените имале на располагање мобилни уреди со пристап до интернет.
Скоро сите компании во нордиските земји им овозможиле уред со пристап до интернет на своите вработени. Во проценти тоа изгледа ваа: Финска (96%), Данска (92%) и Шведска (87%). Околу 80% од компаниите во Хрватска им овозможуваат на своите вработени уреди со пристап до интернет, додека во Словенија тој процент е 83.
За разлика од нив, само 46% од компаниите во Бугарија им овозможуваат таков вид на услуги на своите вработени. Под 60% има и во Грција (56%), Романија (58%) и Велика Британија (60%).
Фото: Pexels