Добро е Хрватска да влезе во еврозоната

26

Влезот на Хрватска во еврозоната ќе донесе повеќе корист отколку штета, смета гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујучиќ.

Според него Хрватска е веќе европеизирана држава. Тој се надева дека додека дојде време Хрватска да влезе во еврозоната, таа дотогаш нема да се распадне. Тоа е нешто што е непредвидливо, но ќе биде лошо за сите европски земји, па и за оние надвор од неа. Ситуацијата во Европа би можела да биде слична како онаа со Леман Брадeрс во САД.