Доделени годишни ЦЕМТ дозволи

23

На електронската распределба на дозволи за 2016 година, беа доделени 1.000 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 5 стандарди и 468 за Еуро 6 стандарди. Ова е десетта година на распределба по електронски пат на ЦЕМТ дозволите. Превозниците добија можност за работа на територијата на 43 држави, пишува Миа.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, обраќајќи им се на превозниците, рече дека за 2016 година на располагање имаат вкупно 1.468 годишни ЦЕМТ дозволи, што е за 44 годишни дозволи повеќе во споредба со 2015 година. За возила со категорија Еуро 2015, на располагање има 1.000 дозволи, додека за возила со категорија Еуро 6 на располагање се 468 годишни ЦЕМТ дозволи.

Електронскиот систем е функционален и се базира на доверба и транспарентност, а важен елемент на електронското аплицирање и распределба е можноста за двојна проверка на податоците, со што се овозможува коригирање на евентуалните грешки во системот.