Доделени националните награди за најдобри општествено одговорни практики

59

По 12-ти пат, во земјава се доделени националните награди за најдобри општествено одговорни практики на компаниите во Македонија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност (КТООП).

Оваа година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија. На конкурсот за наградата аплицираа седум мали и средни претпријатија со седум проекти и 15 големи претпријатија со 23 проекти.

Традиционално, и оваа година најмногу проекти се пријавени во категоријата Вложување во заедницата. Вкупно 23% од бројот апликации се од претпријатија кои првпат се јавуваат на Наградата.

Претпријатијата традиционално аплицираат со најмногу проекти во категоријата Вложување во заедницата, категориите Однос кон вработените и Односи на пазарот беа изедначени. Најголем број од пријавените компании се од финансискиот и услужниот сектор (по 23%), образование (14%) и ИКТ сектор, прехранбена и градежна индустрија (по 9%). Речиси една четвртина од апликациите е од претпријатија кои првпат се јавуваат за наградата. Убедливо најголем дел од апликантите – 95% се со седиште во Скопје.

Добитници на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатијата 2019 година, во вид на статуетки во петте различни категории на наградата, се следните општествено одговорните проекти на: Македонски Телеком АД Скопје (Let’s Go Beyond); Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје (Покров); ЕВН Македонија АД Скопје (Електромобилност со ЕВН); Пивара Скопје АД (Обуки за млади Вештини за успех); ГДи ДООЕЛ Скопје (ГДи заедница); Парти Сервис Лео ДООЕЛ Скопје (Проект за донација наменет за грижа, поддршка и помош на бездомни лица) и ЦБЦ Колектив ДОО Скопје (Komunicira.me).

Проектите коишто влегоа во потесен избор за доделување на статуетка, се наградуваат со Плакети, со кои беа наградени проектите на:

Фармахем ДООЕЛ Скопје (Биди здрав, биди вреден!); Пивара Скопје АД (Обуки за вработените за етичко управување и усогласеност); ГДи ДООЕЛ Скопје (ГДи академија); ЕВН Македонија АД Скопје (Гласни раце во ЕВН); Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје (Со традиционално неимарство до здрав и современ дом); Охридска банка АД Скопје (ОБСГ Клуб на таленти); Рудник Саса ДООЕЛ Македонска Каменица (Платформа за поддршка на заедницата) и Цементарница Усје АД Скопје (Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности).

Во конкуренција од 30 проекти од сите категории, Признанието за најинвентивна практика го доби проектот Komunicira.me на малото претпријатие ЦБЦ Колектив ДОО Скопје.

На сите останати проекти, организаторите им доделија Благодарници за учество во Наградата, како признание за вложениот труд, време и средства.

Фото: Pexels