Доделени наградите за филантропија ОКО за 2017 година

18

На 26-ти овој месец беа доделени наградите за филантропија ОКО за 2017 година, стои во соопштението.

Цел на Наградите за филантропија ОКО, коишто ги организира Здружението ХОРУС е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го  промовира и стимулира развојот на филантропијата во Македонија.

Наградите ОКО им даваат можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од  друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.

Добитници на Наградите  по категории се:

ОКО – Награда за  здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: Здружение Младинска Асоцијација ИМКА (YMCA) Битолa,

ОКО – Награда за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: TV21,

ОКО – Специјална награда за воспоставено долгорочно – стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација):  Алкалоид АД Скопје и Црвен Крст на Град Скопје,

ОКО – Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие: Фрешис Скопје,

ОКО – Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие: Рок Кафана Рустикана Скопје,

ОКО – Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие: Шпаркасе Банка АД Скопје,

ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Македонија: Борче Стаменов,

ОКО – Специјална награда за поттикнување на филантропија во заедницата: Хуманитарна организација Свети Спас Скопје,

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact имплементиран од ХОРУС, како  организација – членка на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија.