Доделени три целосни и десет делумни стипендии за школување во Нова

41

Меѓународното Училиште НОВА во соработка со фондацијата Борис Трајковски веќе деветта години по ред го спроведува проектот за стипендирање талентирани ученици. Милан Самарџиски од ОУ Владо Тасевски, Геле Робев од ОУ Коле Неделковски и Ана Татабитовска од ОУ Димитар Миладинов се овогодишните добитници на целосни стипендии за четиригодишно школување во гимназијата НОВА.

На овие стипендисти кои вложија храброст, креативност и напорна работа за да успеат, фондацијата Борис Трајковски и Меѓународното Училиште НОВА ќе им овозможат во текот на нивното школување да бидат активно вклучени во локални, регионални и меѓународни лидерски проекти, каде ќе имаат можност да ја претставуваат мисијата и визијата на училиштето и фондацијата, но и својата држава.

Стипендиите се доделени врз основа на резултатите кои учениците добитници ги постигнаа на тестовите по англиски јазик, математика, есејот на зададена тема, како и на интервјуата со комисијата.

Прогамата започна во 2005 година и досега ја завршија шест успешни генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни американски и европски универзитети.  Стипендистите од последната генерација кои ќе матурираат на 24 мај 2014 година веќе го потврдија приемот на Columbia University (САД), University of Oxford (Велика Британија) и Leiden University (Холандија).