Dog Wash Bubble – салон за капење на домашни миленици во Нови Сад

99

dog wash bubble

Жителите на Нови Сад од почетокот на септември имаат прилика својот миленик да го донесат во единствениот салон за капење на кучиња, што работи на принципот на самопослужување.

Салонот Dog Wash Bubble има автоматска када што се движи во моментот кога ќе се стават пари, а сопственикот на миленичето сам го капе и го суши. Услугата трае околу 10 минути.

dog_wash_bubble_190914

За сите сопственици на кучиња, особено оние што се поголеми, капењето во домашни услови понекогаш е вистински кошмар. Во салонот Dog Wash Bubble капењето чини околу четири евра за десет минути, а може да се “докупат“ уште две минути за помалку од едно евро или четири минути за 1,7 евра.

Сопственикот на миленикот на почетокот добива престилка за да не се испрска, а машината е целосно безбедна и комфорна за кучињата од сите раси. Во оваа машина можат да се капат и мачки, доколку сопственикот процени дека тоа им е неопходно.

dog_wash_bubble_2_190914

“Машината има седум програми – дезинфекција на кадата, шампон, шампон против болви и крлежи, регенератор, плакнење, сушење и можност за стопирање на процесот. Подлогата каде што стојат милениците не се лизга и сите влакна што паѓаат во текот на капењето одат под кадата“, велат Сања Новак и Јована Станковиќ, сопственички на салонот за Е-Капија.

Ова е прв деловен потфат на Новак и Станковиќ, чии професии иако не се директно поврзани со животните, дошле на оваа идеја бидејќи и самите знаат колку е тешко да се капат кучињата во домашни услови.

dog_wash_bubble_3_190914

“Реакциите се одлични. Имаме претежно поголеми кучиња, па и такви кои имаат и до 50 килограми. Нивните сопственици се задоволни од комплетната услуга што ќе ја добијат, а пред се и поради фактот што оваа тешка работа тука можат да ја завршат за 10 до 15 минути“, вели Јована Станковиќ.