Академијата за филмски уметности и науки ја разгледува можноста 93-тото издание на Оскарите да биде одложени, пишува Variety.
“Најверојатно ќе бидат одложени“, вели анонимниот извоз на Variety.
Инаку, доделувањето на престижните филмски награди беше закажано за 28-ми февруари следната година.
Во април беа најавени нови привремени правила за номинирање за Оскар, поради пандемијата, претседателот на Академијата, Дејвид Рубин, рекол дека е премногу рано да се каже дали ќе има промена во датумот за доделување на најпрестижните награди во светската кинематографија.
Фото: Pixabay