И онлајн филмовите ќе се “тркаат“ за Оскар

29

И филмовите кои се појавуваат на интернет, наместо во кино салите поради пандемијата, би можеле оваа година да се натпреваруваат за најпрестижните филмски награди – Оскарите.

Вообичаено, Академијата на филмски уметности и наука, што стои зад Оскарите, бара филмските остварувања да бидат прикажани во кината најмалку седум дена.

Академијата и понатаму ќе ја брани “магијата“ на кината , но сепак мора да направат “исклучок“ поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот. Кога кината ќе бидат повторно отворени, Академијата би можела да ги врати старите правила.

Оскарите се закажани за крајот на февруари следната година.

Фото: Pixabay