Договор за слободна трговија Србија – Кина стапува од денеска на сила

28

Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина стапува денеска во сила чија цел е да се овозможи повластен пристап до кинескиот пазар за производи од српско потекло, јавија српските медиуми.

Преференцијалниот пристап на производите од српско потекло на пазарот со повеќе од 1,4 милијарди жители ги става компаниите од Србија во многу подобра позиција во споредба со компаниите од Европа и околината и треба да доведе до значително зголемување на извозот, проширување на инвестициите и производството, но и зголемување на конкурентноста, како и зајакнување на севкупната економска активност.

Договорот со Кина опфаќа околу 20.000 артикли, а околу 60 отсто од нив ќе можат веднаш да се извезат без царина.