Договорена регионална соработка на проектот Јадранско – јонски гасовод

16

gasovodМинистрите за економија на Албанија, Црна Гора, БиХ и Хрватска, вчера во Загреб ги договорија насоките за реализација на проектот Јадранско – јонски гасовод.

Засега е потпишана заедничка изјава во која се потврдува дека овие четири јадрански земји се заинтересирани за нов гасовод. Најавено е дека во следните неколку месеци ќе се направи студија на изводливост и деловен план, а потоа ќе се бара стратешки партнер кој ќе го финансира гасоводот. Следниот пат министрите ќе се сретнат на почетокот на 2014 година во Тирана, кога би требало да биде познат деловниот план и начинот на финансирање.

Јадранско – јонскиот гасовод е долг 516 километри, се протега од Сплит (Хрватска) до Фиери (Албанија), а капацитетот ќе му биде пет милијарди кубни метри гас годишно.