Договорени прелиминарните транспортни дозволи за Италија за следната година

25

Македонските транспортери за 2017 година за Италија добија 400 билатерални обични дозволи, 2.000 билатерални дозволи за возила со еуро 3 стандард, 2.250 билатерални дозволи за возила со еуро 5 стандард, 200 билатерални дозволи за возила со еуро 6 стандард, 200 дозволи валидни за возило влекач кој влече полуприколка од другата земја потписничка и 500 дозволи валидни за приколки и полуприколки пренесени преку море за да бидат влечени од влекач од другата земја потписничка, јавува Миа.

Прелиминарната квота на поединечни транспортни дозволи е договорена на состанокот на Мешовитата комисија за патен сообраќај на Република Македонија и Република Италија на којшто се разгледаа прашања од областа на меѓународниот патен сообраќај за превоз на патници и стока.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, договорено е дозволите да важат до 31 јануари наредната година, по годината кога ќе бидат издадени.