Договорите за јавни набавки отсега ќе бидат јавно достапни на системот Е-набавки

49

esjn

Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што целокупната јавност ќе има увид во истите, стои во соопштението на Министерството за финансии.

Договорите, како што се наведува, ќе бидат достапни во рамки на самите известувања за склучена набавка.