Дојран ја добива првата библиотека на плажа

23

Општина Дојран ја добива првата библиотека на плажа, која ќе биде уживање за сите посетители. Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат и уживаат додека се на градската плажа во Дојран.

“Бездомниикот со златен часовник”, “Рингишпил”, “Сеќавање на љубовта”, “Шепнувачот”, “Кругот на животот”, “Полноќна роза”, се само дел од насловите кои ќе можат да се најдат на рафтовите на Првата Библиотеката на Плажа.

“Ова е одличен начин да се негува културата кај нас, а читањето книги да добие една поинаква димензија која се надевам дека ќе ја следат и ќе ја увидат успешен пример за надополнување на туристичките содржини и останатите туристички дестинации во Македонија”, изјави Дејан Павлески од Клуб Матица, поддржувач на проектот Прва Библиотека на Плажа.

Првата Билбиотека на Плажа ќе започне со работа во среда на 15.07.2015 година.