Доктор од Франција на свои 98 години лекува пациенти

33

Кристијан Ченај, доктор од Франција, на свои 98 години сè уште прегледува пациенти. Пред да стане доктор во 1951 година, работел како заварувач. Специјализирал радиологија, за подоцна пак да се врати на општа пракса.

Два пати во неделата прегледува пациенти во едно предградие во Париз, а некои од нив ги лечи со децении.

Неговото здравје е добро, а не носи ни очила. Во ординацијата нема компјутер, само факс машина, но во тек е со модерните технологии, односно пишува онлајн рецепти и води медицински дневници.

Според него, во неговата речиси седум децениска кариера, најголемо изненадување е тоа што пациентите самите си поставуваат дијагнози од интернет и потоа доаѓаат кај него да бараат лекови.

Чанај ги прегледува првите 20 пациенти што ќе закажат преглед, пишува Reuters. Докторите во Франција обично се пензионираат на 67 години, а Чанај има син кој е веќе во пензија, но тој не планира да застане со работата.

Фото: Pixabay