Доларот благо зајакна, цената на нафтата падна

67

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 99,94 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,84 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 138,65 на 138,85 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1230 долари, додека вчера во ова време беше 1,1256 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,26 отсто, на 79,42 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,46 отсто, на 75,45 долари.