Доларот достигна ново највисоко ниво во последните 20 години

62

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително се зголеми, достигнувајќи ново највисоко ниво во последните 20 години. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 109,56 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 109,02 поени.

Утрово курсот на доларот во однос на јапонската валута се искачи од вчерашните 139,69 на 139,90 јени, а во еден момент првпат по 24 години се проби над нивото од 140 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото повторно се лизна под границата од 1 долар, поточно на 0,9956 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0024 долари.

Еврото е под притисок бидејќи ризикот од рецесија во еврозоната се зголемува поради енергетската криза, додека рекордно високата инфлација во блокот ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика.