Доларот лани во минус од 7%, еврото во плус од над 9%

50
man into a bill boat on a puddle

Вредноста на доларот кон другите поважни валути минатата година на светските пазари се намали за скоро 7% и достигна најниско ниво во последните две години. Во исто време, еврото во однос на американската валута забележа пораст од над 9%.

Индексот на доларот, што го покажува движењето на американскиот во однос на најважните шест светски валути, се намали за 6,9%, на 89,84 поени, што е скоро најниско од април 2018 година.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута изгуби скоро 5% и се намали на 103,25 јени.

Американската валута се намали во однос на европската, па цената на еврото порасна за 9,2%, на 1,2240 долари, близу највисокото ниво во последните две години.

Падот на доларот во однос на помоќните валути од скоро 7% е најголем пад во однос на 2017 година, а последица на тоа е лабавата монетарна политика на американската централна банка.

Фото: Freepik