На светските девизни пазари, курсот на доларот минатата недела порасна во однос на најважните светски валути, петта недела по ред, што е најдолг период на неговиот раст во последните 15 месеци.
Индексот на доларот, кој го следи движењето на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, на крајот на неделата достигна 103,43 поени, зајакнувајќи за 0,56 отсто во однос на претходната недела.
Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,72 отсто, па цената на еврото во петокот изнесуваше 1,0865 долари. Вредноста на доларот порасна и во однос на јапонскиот јен, за 0,3 отсто, на 145,37 јени.