Dolce&Gabbana дизајнира кујнски апарати со мотиви од Сицилија

63

bollitore_1-1440x1440

Модната куќа Dolce&Gabbana заедно со италијанската компанија Smeg креираат кујнски апарати со декорации инспирирани од сицилијанскиот фолклор.

“Сицилија е мојата љубов” е името на новата колекција што вклучува тостери, соковници, цедалки, кафемати, блендери, миксери, а на нив ќе бидат насликани мотиви од вулканот Етна, лимони, круши и светло црвени цреши. Колекцијата треба да биде готова до октомври оваа година.

planetaria_1-1440x1440

Фото: Dolce&Gabbana

Минатата година Dolce & Gabbana соработуваше со Smeg во изработката на 100 фрижидери коишто беа рачно насликани и беа претставени на саемот за дизајн во Милано. Цената на еден фрижидер изнесуваше 34.000 долари, а колку ќе изнесуваат новите уникатни кујнски апарати сè уште не е познато.