Dolce&Gabbana тужи блогери и бара 600 милиони евра

50

Модната куќа Dolce&Gabbana поднесе тужба до италијанскиот суд за клевета, барајќи отштета од 600 милиони евра од два американски модни блогери.

Причина за тужбата се коментари на блогерите за сметка на еден од креаторите што предизвика бојкот на азиските потрошувачи за овој моден бренд.

Тужбата е поднесена уште во 2019 година, но за нејзе се дозна дури оваа недела кога блогерите ја објавиле на Instagram. Нивните блогови се прилично популарни во светот на модата поради острите коментари за неоригинални креации и социјални теми.

Предметот на тужбата датира од 2018 година, кога модната куќа почнаа да ја бојкотираат во Азија, поради видео снимки на коишто се промовира модна ревија во Шангај и објави за навредливи коментари што следеле потоа.

Ревијата беше откажана, а бутиците го повлекоа брендот од излозите и понудата.

Креаторите Доменико Долче и Стефано Габана прво изјавиле дека профилот на Instagram им е хакиран, но подоцна се појавиле и видео снимки по што им се извинија на потрошувачите од Кина.

Според одбраната на блогерите, модната куќа бара 450 милиони евра за да се врати имиџот на брендот, три милиони евра за компанијата и милион евра за Габана на кого му се препишуваат неприкладните изјави. Исто така, бараат и повеќе од 86 милиони евра за откажување на ревизија во Шангај, 8,6 милиони евра за трошоци и 89,6 милиони евра за изгубената продажба во Азија од ноември 2018 до март 2019 година.

Фото: Pixabay