Долгот на еврозоната 93%, a на Европската унија 85%

83

На крајот на третиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната изнесуваше 93 отсто од бруто домашниот производ, додека јавниот долг на целата Европска унија изнесуваше 85,1 отсто од БДП.

Споредено со вториот квартал од 2022 година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во Европската унија, кога изнесуваше 94,2, односно 86,4 отсто.

Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал од 2021 година, кога во еврозоната изнесуваше 97,3 отсто, а во Европската унија 89,7 отсто.

Најзадолжена земја од ЕУ на крајот на третиот квартал од 2022 година беше Грција со долг од 178,2 отсто од БДП.

Јавниот долг на Италија изнесуваше 147,3 отсто од БДП, а на Португалија 120,1 отсто од БДП.

Висок јавен долг имаа и Шпанија (115,6 отсто), Франција (113,4 отсто) и Белгија (106,3 отсто).

Најмал јавен долг на крајот на третиот квартал имаа Естонија (15,8 отсто), Бугарија (23,1 отсто) и Луксембург (24,6 отсто).