Долгот на Хрватска достигна рекорд од 40 милијарди евра

71

Хрватската народна банка (ХНБ) објави дека долгот на државата на крајот на април надмина вредност од 40 милијарди евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Ова, како што се наведува, се случува за прв пат во историјата на земјата. Во април, јавниот долг порасна за 803,4 милиони евра, па од претходните 39,9 милијарди евра, сега вреди 40,8 милијарди евра.

Долгот на Хрватска се зголеми како последица од затворање на економијата поради пандемијата од коронавирусот, како и поради падот на економските активности.

Фото: Freepik