Доколку продолжи задржувањето на граничните премини, инвестициите во патиштата нема да имаат ефект, беше истакнато денеска на седницата на управните одбори на Стопанска комора на Македонија и на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Тие сметаат дека иако добрата инфраструктура го намалува времето за транспорт, долгото задржување на границите, чекањето на терминалите, непотребните процедури, контроли и проверки прават големи проблеми.
Стопанствениците ќе иницираат формирање конзорциум од земјите низ кои минуваат коридорите 8 и 10 со цел поголем, непречен и брз проток на стоки, детектирање и решавање на кој било проблем при размената.