Долговите за даноци и придонеси за еден месец зголемени за над една милијарда денари

68

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави осмата Листа на должници за оваа година.

На Листата се објавени 2.013 должници – правни лица (повеќе за 89 од претходната листа) и 2.509 физички лица (повеќе за 627 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.8/2019 изнесува 9.855.487.876 денари, повеќе за 1.170.910.216 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.704.800.807денари (повеќе за 1.167.263.170 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 150.687.069 денари (повеќе за 3.647.046 денари од претходната листа).

Листата е направена врз основа на долгови доспеани до 30-ти април и неплатени до 31-ви јули оваа година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојни вршители на должност, кои се најдоа на Листата, должат над 120.000 денари, додека кај правните лица долгот надминува 300.000 денари.

Фото: Pixabay