Домашното производство покрило 76,4 отсто од потрошената струја во јануари

27
Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, јануари 2024 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 777 650 МWh електрична енергија, 44.243 мил. нм3 природен гас, 397 123 тони јаглен и 80 929 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 76.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична
енергија.