Донација на органска храна во детската градинка Чекорче во Аеродром

29

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе донира органска храна на детската градинка Чекорче во скопската населба Аеродром.

Со оваа акција продолжуваат активностите за промовирање на домашните органски производи. Целта е да се анимира најмладата популација и од најмала возраст да биде запознаена со вкусот на органската храна.