Донација на пакети за хигиена за поплавените региони од Стопанска банка АД – Скопје

17

stopanska

Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, се приклучи во акцијата на Црвениот Крст за помош на најзагрозеното население од поплавите што зафатија неколку региони низ Републиката.

Банката ќе донира 320 пакети со средства за лична хигиена и средства за дезинфекција како најнеопходни во овој период за населението од поплавените региони во општините Штип, Струмица и во Пелагонискиот регион.

Стопанска банка АД – Скопје како финансиска институција со инкорпорирана корпоративна општествена одговорност во своето работење, ја продолжува и понатаму соработката со Црвен Крст за поплавените региони согласно потребите на населението.