Донација од Стопанска Банка во Црвен Крст

17

Стопанска банка АД – Скопје прославува 68 години од основањето и постоењето во финансискиот и стопанскиот живот во Македонија. Со цел да го обележи овој значаен јубилеј, како и во пресрет на новогодишните празници, Банката во соработка со Црвениот крст на РМ донира 100 пакети со основни прехранбени производи на социјално загрозените семејства.

Корпоративно општествената одговорност што Банката овие 68 години ја практикува е вградена практика и дел од секојдневното функционирање. Со оваа активност, Банката уште еднаш докажува дека не само што делува во локалната заедница со својата основна дејност, туку и активно и корпоративно одговорно е дел од општеството.

Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка АД – Скопје е горда што 68 години е лидер во банкарскиот сектор со најголема база на клиенти од населението и корпоративниот сектор, со најголема актива и капитална сила.