Донација од УЈП за Здравствен дом Скопје

38

Вработените во Управата за јавни приходи, во рамки на Програмата за одбележување на денот на даночниците, ќе донираат медицинска опрема во Здравствениот дом Скопје.

Како што се наведува во соопштението, донацијата е придонес за подобрување на работењето на оваа здраствена установа, но истата има за цел, на Универзалниот ден на детето, да се испрати порака дека децата како најранлива категорија на секое општество имаат потреба од посебна грижа и помош од страна на возрасните.

На предавањето на донацијата ќе присуствуваат директорот на Управа за јавни приходи Горан Трајковски, директорката на Здравствениот дом Скопје д-р спец. Татјана Баевска-Вучковиќ и претседателот на Синдикална организација на УЈП, Васе Неданоски.