Донација за Клиничката Болница Битола од Ротаракт Широк Сокак

20

rot

Вчера во рамките одбележување на светската Ротаракт недела, младите ротаракторци од Ротаракт Широк Сокак донираа 200 парчиња различен вид на постелнина вредна 1.300 евра на Клиничката Болница во Битола.

“Задоволни сме што имаме можност да донираме на Клиничката болница, тука во Битола и тоа во одделението во коешто започнува животот на нашите сограѓани. Не радува фактот што комплетно го покриваме гинеколошото и неонатолошкото одделениие. Се надеваме дека новата постелнина од 50 перници, 50 јоргани, 50 заштитници за душеци и 50 крпи-бањарки за бебиња значително ќе го подобри престојот во оваа здравствена институција. Од почетокот на нашето работење како клуб донираме како во здравството, така и во други сфери, се со цел унапредување на заедницата и подобрување на квалитетот на животот во Македонија”, вели претседателот на Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак, Јане Велкоски.