Донесен Буџетот за следната година

11

Собранието на Република Македонија со 72 гласови за и 37 против денеска го донесе Буџетот на Република Македонија за 2017 година, јавува Миа.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 187,612 милијарди денари, додека вкупните расходи се на ниво од 206,219 милијарди денари или за 4,5% повеќе во однос на годинава.

Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3% од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Даночните приходи се планирани во износ од 108,876 милијарди денари и се очекува да имаат раст од 9,47% во однос на 2016 година. Социјалните придонеси се планирани во износ од 51,879 милијарди денари или за 3,46% повеќе од оваа година.

Во однос на Буџетот за оваа година, како што се наведува, од јануари до септември реализирани се вкупни приходи во износ од 125,82 милијарди денари, што е за 8,3 милијарди денари или за 7,1% повеќе во однос на истиот период лани. Собрани се даночни приходи во износ од 75 милијарди денари, коишто се повисоки за 6,4 милијарди денари или за 9,4% во однос на тој период 2015 година.