Донесена одлука: 24 април и 8 мај неработни денови за сите граѓани

86

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на РС Македонија.

Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.

Според одлуката овие два неработни дена нема да се одработуваат.