Дониа Прилеп наградена за 10 години континуирани општествено одговорни практики

87

donia-logo-sonce-pandelka-try-enjoy-01

Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) на 15-ти ноември беа домаќини на десеттата јубилејна традиционална годишна манифестација – Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, реализирани во текот на последната година, стои во соопштението.

Годинава, пак, по повод јубилејот, покрај регуларните награди, беа доделени и јубилејни, како посебно признание за претпријатијата коишто се закитиле со најмногу награди.

Министерството за Економија и КТООП ѝ доделија јубилејно признание на Дониа ДОО – Прилеп за континуирано успешни општествено одговорни практики, во периодот помеѓу 2007 и 2017 година.

Наградата ја прими Дејан Јованов, претставник од Дониа кој изјави:

“Со работата во изминатите години Дониа покажа посветеност кон креирање на позитивно влијание во општеството и животната средина, насочено кон социјална и економска добросостојба. За Дониа овој јубилеј е мотив повеќе за продолжување на традицијата и продлабочување на соработката со деловниот и граѓанскиот сектор во афирмирањето и унапредувањето на практиките на општествената одговорност. Неодамна, македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно преземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп“, изјави Дејан Јован, претставник од Дониа кој ја прими наградата.

Преземањето на кондиторската фабрика Дониа со својата палета на препознатливи локум, алва, домашни бисквити и кекси со врвен квалитет, ќе биде зајакнување на брендираниот асортиман на Макпрогрес и додатен импулс во интернационализација на бизнисот. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од неговото вкупно производство се извезува на пазарите вон регионот.

Макпрогрес ќе се труди да ги зголеми интернационалните потенцијали на Дониа, како и да ги задржи и развие општествено одговорните практики на делување во македонското општество.