Досетката на менаџерот: Поп група стана хит на берза, а фановите навалија на акциите

83

Седумчлена на поп групата BTS ќе поделат 55 милиони долари или по околу 7,9 милиони секој, поради фантастичната пред-продажба на акциите на нивната издавачка куќа Big Hit Entertainment, која најави котација на берза.

Побарувачката за акциите беше илјада пати поголема од понудата, а компанијата чии приходи доаѓаат најмногу од музиката на BTS достигна вредност од околу четири милијарди долари меѓу оние кои резервираа акции пред излегување на берза планирано за 15 октомври.

Ова е последица на одлуката на директорот на компанијата, Банг Си Хук, да “подари“ 68.385 акции на секој од членовите на бендот, а вредноста на една акција во моментов е 115 американски долари со тренд на растење. Обожавателите на бендот сакале да имаат барем една акција и тоа поттикнало огромна побарувачка. На долг рок, оваа инвестиција може да се покаже проблематична бидејќи бендот и издавачката куќа имаат договор до 2024 година.

На краток рок, ова може да биде добар бизнис за оние кои тргуваат на берза, особено по најавата дека бендот ќе издаде нов албум во ноември. БТЅ е познат по рушење на рекорди, па така нивната песна Динамит имаше 101,1 милион прегледи во август, само 24 часа по објавувањето.

Фото: Facebook