Доставата на храна не успеа да го спаси Uber

36

Пандемијата му направи сериозни проблеми на Uber, којшто забележа пад на приходите во последното тримесечје, покажувајќи дека услугите за достава на храна не го надоместија падот на патувањата, јавува Bloomberg.

Во последниот квартал, компанијата прикажа нето загуба од 986 милиони долари. Приходите бележат пад од 16% во споредба со истиот период претходната година кога беа на ниво од 3,2 милијарди долари.

Фискалната 2020 година, за Uber заврши со загуба од 6,8 милијарди долари, а претходната година поради високи инвестициони трошоци, загубата беше уште поголема – 8,5 милијарди долари.

Додека приходите од услугите за превоз се намалија за околу 50%, доставата на храна преку Uber Eats доживеа пораст од 130%.

Фото: Facebook