Доставата на вакцини против коронавирус – мисија на векот, ќе бидат потребни 8.000 авиони

207

Испораката на вакцини против коронавирус ширум светот ќе биде најголемиот транспортен предизвик во историјата, тврдат претставниците на авионската индустрија, пренесува BBC.

8.000 Боинг 747 ќе бидат потребни за доставување на вакцините во сите земји, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (International Air Transport Association – IATA).

Иако вакцината сè уште не е произведена, IATA веќе прави план за транспорт заедно со авиокомпаниите, аеродромите и националните здравствени организации.

Планот за дистрибуција предвидува една доза за една личност. Иако транспортот на стоки е новиот фокус на уништената авионска индустрија, доставата на вакцини е многу посложена задача. Авионите првенствено мора да бидат во согласност со стандардите како што е можноста за одржување на температура помеѓу два и осум степени, а за некои вакцини се потребни температури под нулата.

“Безбедното доставување вакцини за Ковид-19 ќе биде мисијата на векот за глобалната индустрија за воздушен транспорт. Но, тоа нема да се случи без внимателно планирање однапред. И времето за тоа е сега“, изјави извршниот директор на IATA, Александар де Јунијак.

За превозот ќе биде потребна скоро воена прецизност и ќе бидат потребни студени објекти низ мрежата на локации каде ќе се чува вакцината.

Околу 140 вакцини се во ран развој, а околу дваесетина сега се тестираат на луѓе во клинички студии.

Фото: Pixabay