Доверба во банкарскиот систем и во домашната валута

23

Граѓаните имаат голема доверба во банкарскиот систем, штедните влогови бележат континуиран раст, а најголем дел од нив се домашна валута, беше истакнато денеска на свечената седница по повод одбележување на Светскиот ден на штедењето.

“Заклучно со септември 2014 година штедењето на населението изнесува 197 милијарди денари, што е зголемено за 15 милијарди денари во однос на септември минатата година, што е исклучително добро и покажува дека стапката на раст на штедењето се зголемува. Охрабрувачки е што повеќе се штеди во денари“, рече гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов.

Најдобар индикатор за зголемената доверба, според Богов, е порастот на штедењето особено во домашната валута.