Dow Jones со најголем скок во последни 87 години

70

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза, Dow Jones, за прв пат по 87 години, бележи висок скок од 11%. Како причина за тоа раздвижување на берзата се наведуваат мерките на американскиот Конгрес за борба против економските последици од коронавирусот, пренесува CNBC.

Индексот за еден ден порасна за 2.112 поени, со што тргувањето го заврши со 20.704 поени.

Индексот S&P 500, забележа пораст од 9,4% и се позиционираше на 2.447 поени, што претставува негов најдобар резултат за 12 години.

Фото: Pixabay