Драгана Чифлиганец избрана за ДАМА во градежништвото

22

34 Драгана Чифлиганец, извршниот директор на градежната компанија Адора Инженеринг, е добитник на признанието ДАМА во градежништвото за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите.
“Мој приоритет е следењето и примената на светските стандарди и иновации во Македонија за квалитетно, сигурно, економично и здраво домување во изградбата на енергетски ефикасните домови”, изјави Чифлиганец по добивањето на признанието.

Признанието по прв пат се додели на затворањето на Саемот за градежништво и недвижности 2014.