Дронови безмилосно ловат прекршители во сообраќајот

189

Иако се во тест фаза, беспилотните летала сега се целосно подготвени да ги ловат прекршителите. Ова ја покажува практиката во Шпанија. Во провинцијата Ла Риоха во моментов е во тек пилот програма. Прашање на време е кога системот ќе ја покрие целата држава.

Во Ла Риоха, беспилотните летала се дел од надзорот на патиштата, заедно со патролите и радарите. Опремени се со камери и се способни да детектираат разни видови прекршоци.

Беспилотните летала имаат домет до 4.000 метри, иако сегашните прописи наведуваат дека тие не можат да летаат надвор од видното поле, па вообичаено летаат на надморска височина не поголема од 150 метри. Ова ја нагласува нивната одвраќачка природа, а не само санкционирање, пишува autofacil.es.

Опремени со камери, беспилотните летала можат да забележат употреба на мобилен телефон, неврзување појас и секако незаконско однесување поврзано со возењето – незапирање на знаците „стоп“ или недржење на безбедно растојание.

Беспилотните летала ќе оперираат на патиштата во Ла Риоха во наредните денови. Тие имаат пристап дури и до места кои е тешко да се следат поради геолокацијата, рече менаџерот на патниот сообраќај Беатрис Зунига.

Со вклучување на дронови во системот за следење на сообраќајот, ќе биде многу полесно да се санкционираат различни типови на однесување.

Отсега ќе биде полесно да ве фатат како го користите мобилниот телефон додека возите (парична казна од 200 евра и 6 поени) или кога возите без појас (200 евра и 4 поени).