Дронови ќе мапираат тунели и рудници под земјината површина

185

Фото: Pixabay

Австралискиот старт – ап Emersеnt развива технологија со којашто беспилотни летала ќе може автономно да мапираат рудници и тунели.

Досега беспилотните летала се користат за истражување на поголема висина, но дроновите на Emersеnt ќе имаат софтвер што ќе може да функционира длабоко под површината на Земјата.

Технологијата го носи името Hovermap, а користи мешавина од технологијата LiDAR (сензори за избегнување на судари) и GPS за мапирање на подземни површини.

Овие подземни летала ќе може да се распоредуваат на места што се опасни по човечкиот живот. Hovermap собира податоци од тунелите или рудниците, па потоа истите може да се обработат и да се генерираат 3D карти за околината.