Дронови “плетат“ мост по којшто може да се оди

26

most napraven od dronovi

Досега се уверивме во различната употреба на дроновите, но Институтот за динамични системи и контрола од Цирих и Истражувачкиот центар Грамазио Колер работат на сосема поинаква примена на овие уреди.

Станува збор за проектот Aerial Construction чија цел е да “ги истражи и развие методите и техниките за роботско и воздушно конструирање“, пишува Mashable.

dronovi pletat most

Дронови од компанијата Dyneema со помош на јажиња заедно прават функционален мост со распон од 7,4 метри, којшто може да издржи движење на еден возрасен човек.

Овие дронови самостојни ги прават мостовите, безжично добивајќи инструкции од компјутер којшто ги пресметува точките за летање.

Се смета дека оваа нова “задача“ на дроновите би можела да најде корисна примена во градежништвото.