Државен долг од 3.262,5 милиони евра на крајот на четвртиот квартал на 2014

10

Државниот долг на Македонија на крајот на четвртиот квартал достигна 3.262,5 милиони евра, додека јавниот долг се позиционираше на 3.921,3 милиони евра, соопштува Министерството за финансии.

И во двата сегменти има намалување, во споредба со третиот квартал од минатата година, и тоа кај државниот долг намалувањето е од 93,3 милиони евра, а кај јавниот за 62,7 милиони евра.

Државниот долг на Македонија зафаќа 38,1% од вредноста на БДП, додека јавниот долг опфаќа вредност од 45,8% од БДП на земјава.