Државна видеолотарија во крводарителна акција, поддршка и од познати личности

31

Државна видеолотарија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје, денеска во просториите на Даре Џамбаз, реализираше крводарителната акција. Во оваа акција вработените заедно со неколку јавни личности, даруваа крв.

Претседателот на ККФ Перо Антиќ, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, кошаркарката на ЖКК Вардар, Јована Петрушевска, кошаркарот на КК Работнички Виктор Ефремовски и познатата Зорица Црношија, го збогатија списокот крводарители на Државна видеолотарија.

Акцијата, којашто започна во девет часот, веќе е убава хумана традиција, којашто ја Државна виделотарија ја практикува еднаш во годината како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности.

На овој начин, Државна видеолотарија ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на нашите вработени, во насока на давање корпоративен придонес во градење и негување на подобро општество за сите.