Државниот завод за ревизија во 2024 година планира да изврши 73 ревизии

25

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2024 година планира да изврши 73 ревизии од кои 61 за регуларност, 11 за успешност и една за усогласеност.

Како што се наведува во Годишната програма на ДЗР за 2024 година што е објавена денеска, четири од вкупно предвидените 73 ревизии треба да се вршат еднаш годишно според Законот за државна ревизија, 23 се согласно барања доставени од засегнати страни, а 46 се предложени од ДЗР.

Од планираните ревизии за 2024 година, најмалку oсум за успешност и три за регуларност, ќе бидат спроведени во соработка со меѓународни организации.

Целосната Годишна програма на ДЗР за 2024 година може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2023-12/Godisna_programa_rabota_DZR_2024.pdf.