Државни компании не штедат на пари: Кои се топ три направени осигурувања на имот

107

Осигурувањето на имотот на правни лица опфаќа неколку различни видови на осигурување на малите и средни компании, како и останатите правни лица. Со тоа се обезбедува целосно покритие од сите ризици со кои се соочуваат правните лица во текот на работењето. На тој начин функцинирањето на еден правен субјект и задржување на солвентноста и во случај на штета на градежниот дел, опремата, машините, залихата и останатиот имот е загарантирана. Непредвидливите настани коишто често се со голем интензитет, за жал, во голем број на случаи не можат да се избегнат. Сепак, можат да се избегнат обемните финансиски загуби кои се јавуваат како резултат на остварување на осигурениот случај.

Oсновното осигурување што треба да го има секоја компанија. Тоа е осигурување од пожар и други опасности. Го штити имотот од основните ризици, т.н. пожарни ризици: пожар, град, гром, луња, излевање на вода од инсталации, манифестации и демонстрации, експлозија, удар од сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала. Исто може да се направи осигурување на објекти во градба. Со ова осигурување може да се осигураат како градежниот објект на компанијата, така и машините, опремата и залихите со кои располагате. Или пак да направите осигурување од кршење на стакло.

Со ова осигурување компаниите се штитат од материјални трошоци коишто може да ги претрпат во случај на кршење и оштетување на стаклата на објектот во нејзина сопственост. Предмет на ова осигурување можат да бидат сите видови стакла, светлосни  натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл.

Кој го држи рекордот во осигурување имот, според Бирото за јавни набавки?

Државните компании, како една од главните законски обврски е да направат осигурување на имотот,а  во некои случаи и на вработените. Особено најизразено е осигурувањето на акционерските друштва во државна сопственост како што се АД Македонска пошта, АД Електрани и АД Мепсо. Тука се и јавните претпријатија како ЈСП Скопје, ЈКП Водовод, ЈП Стрежево и други. Сите овие компании мора да предвидат во годишниот буџет и ставка за осигурување. Според страната на Бирото за јавни набавки рекордот за осигурување го држи АД Електрани на Македонија – Скопје. Тие го осигурале имотот и направиле други осигурувања во 2017 година за сума од четири милиони и 258 илјади евра. На второ место е АД Мепсо кои го осигурале имотот и вработените за три осигурителни години во 2016 година за сума од два милиони и 365 илјади евра. На третото место, иако не е државна компанија, а сепак е во топ три е австриска ЕВН Македонија АД Скопје. Тие направиле договор за осигурителни услуги во 2018 година во вредност од два милиони и 40 илјади евра.

Извор: Биро за јавни набавки

Случајот со пожарот во Македонска пошта ги отвори очите на останатите директори во делот на осигурувањето

Кога се случи пожарот во 2013 година на имотот на Македонски пошта, немало осигурување. По завршување на интервенцијата и откако беше утврдена причината со настанатиот пожар, оваа компанија во државна сопственост тогаш излезе со соопштение. Во соопштението пишуваше дека новиот договор кој ќе го направи оваа компанија, ќе биде покриена и штетата направена со пожарот. Договорот со осигурителната компанијата истекол на крајот од годината , а сеуште бил отворен тендерот за избор на нова компанија, која според потпишаната клаузула ,  би требала да ги надомести и штетите од пожарот. По завршувањето на тендерот А.Д Македонска пошта, во согласност со законските прописи по завршена постапката за  јавна набавка  за осигурување го избира како најповолен понудувачКроација Осигурување.

Во согласност со законските прописи и правилата предвидени во процедуарата на јавната набавка беше потпишан договорот со најповолниот понудувач. Полисата на осигурување, како што стоеше во соопштението на Македонска пошта, го опфатила временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постака како и тендерската документација  односно од први јануари 2013 година. Со ова, Македонска пошта немаше никакви финансиски реперкусии во однос на настанатите штети од пожарот.Штетата беше  покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на самата компанија.

Покрената кривична пријава за пожарот против вработен во Македонска пошта.

Според истрагата, причина во оваа компанија за пожарот  што избувнал во канцеларијата на шефот на кабинетот е човечки фактор. Пожарот, кој за среќа завршил без човечки жртви, според обвинителството избувнал во 16.30 часот во неговата канцеларија од зажарено тело. Арменд Фазлиу, кој тврди дека невин,  е обвинет за тешко кривично дело против општата сигурност за кое е предвидена затворска казна од една до десет години. Тогаш, генералниот директор Рафиз Алити на Пошта се откажа од кривичниот прогон и од материјални побарувања од Фазлиу. Штетата од 100.000 евра, како што истакна Алити, ќе ја покрие осигурителната компанија Кроациа осигурување, со што ќе се откаже од делот од премијата. Во оваа сума не било влезено уништувањето на муралот на сликарот Борко Лазески, чија вредност требало дополнително да се утврди. Освен муралот во пожарот, целосно изгорел и инвентарот во фоајето, покривот и канцелариите на вториот кат од зградата.