ДС Смитх минатата година ја заврши со 16,6 милиони денари добивка

23

ds-smith-1

ДС Смитх од Скопје, во текот на 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 16.604.000 денари, стои во неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата евидентираше добивка од 33.234.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, достигнаа ниво од 635.070.000 денари. Од нив, на домашен пазар се остварени 394.898.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 240.172.000 денари.

Основна дејност на ДС Смитх е производство на хартија и амбалажа.