ДС Смитх од јануари до септември оствари 20,9 милиони денари добивка

87

ds-smith

Акционерското друштво ДС Смитх од јануари до септември оваа година оствари добивка вредна 20.914.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 24.596.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 451.904.000 денари, од кој на домашен пазар отпаѓаат 278.955.000 денари, а на странски се реализирани 172.949.000 денари.

ДС Смитх е компанија што се занимава со производство на хартија и амбалажа, како и со собирање и рециклирање на стара хартија. Производната програма опфаќа повеќе производи: плочи, кутии, гајби, натрон вреќи, кери и рекламна хартија во ролни и табаци.